Служат за мерење на гликоза во капиларна крв земена од врв на прст. Се користат заедно со
апарат за гликоза во крвта КеарСенс Н Еко.
Производител е компанијата i-sense од Кореја (www.i-sens.com), чии уреди за следење на
гликозата во крвта се добро прифатени во над 110 земји, вклучувајќи ги САД и Европа,
благодарение на нивниот интуитивен дизајн и точност.
Пакување: 50 тест ленти се спакувани во пластично шишенце.
Примерок: само 0,5 микролитри, што е стоти дел од големината на капка. Помал примерок на
крв значи поплитко боцкање и помала болка.
Ракување: реактивното поле е сместено во внатрешноста, затоа со чисти и суви раце може да
се допира лентата по целата нејзина површина.
Без кодирање: откако ќе се извади лента од шишенцето сè што треба да се направи е да се
вметне во мерачот.
Капиларно полнење: работ на врвот на тест лентата се допира до примерокот и крвта
„влегува“ во тест лентата под дејство на капиларна сила.
Ензим: користи ензим гликозна оксидаза, со висока специфичност за гликозата, висока
стабилност и перформанси. Високата специфичност за гликозата ја отфрла можноста од
стапување во реакција со други шеќери што се присутни во крвта и на тој начин да влијаат на
резултатите од мерењата за гликозата. Високата стабилност пак овозможува безбедно да се
користат лентите во рок од 24 месеци од датумот на производство, во отворени и во
неотворени шишенца.
Напредна точност: перформансите на тест лентите КеарСенс Н се оценети со лабораториски и
со клинички тестови и се во согласност со стандардот ISO 15197:2013, во кој се наведени
барањата што треба да ги исполнуваат системите за ин витро следење на гликозата во
примероци од капиларна крв.

Критики
Нема критики сеуште.