CARESENS APARAT ZA MERENJE SEKJER ECO-N + 110 LENTI

1,750.00 ден

2 на залиха

2 на залиха

  • Подигање од аптеките на ПОЛИН

Подигање веднаш

Бесплатно

  • Испорака по брза пошта

Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање

150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.

2-3 работни дена

14 People watching this product now!

Payment Methods:

Опис

Служи за мерење на гликоза во капиларна крв земена од врв на прст.
Производител е корејската компанија i-sense (www.i-sens.com). Благодарение на интуитивниот
дизајн и точност, уредите за следење на гликозата во крвта на i-sense се добро прифатени во
над 110 земји, вклучувајќи ги САД и низ цела Европа.
Пакување: апарат за гликоза во крвта КеарСенс Н Еко заедно со 2 пакувања од 50 тест ленти за
гликоза КеарСенс Н. Апаратот доаѓа заедно со уред за земање примерок крв од врв на прст, 10
тест ленти за гликоза, 10 ланцети и торбичка за носење.
Напредна точност: перформансите на системот КеарСенс Н Еко се оценети со лабораториски и
со клинички тестови и се во согласност со стандардот ISO 15197:2013.
Корисничка поддршка: сите потребни информации во врска со употребата на системот за
следење на гликозата во крвта КеарСенс Н се дадени во илустрирани упатства за употреба на
македонски јазик. Доколку е потребна дополнителна помош, обезбедена е корисничката
поддршка од страна на овластениот дистрибутер.
Карактеристики на апаратот
– Подготвен е за употреба веднаш откако ќе се извади од пакувањето; батерија од типот
CR2032 е инсталирана, часовникот е наместен, стандардните подесувања се направени. Не е
потребно кодирање, само се вметнува лента.
– Резлултат за 5 секунди, еквивалентен на гликоза во плазма.
– Ознаки за оброк се додаваат за означување на резултатите пред-оброк, по-оброк или на-
гладно.
– Интуитивни симболи се појавуваат за распознавање на нормална, хипо и хипергликемија (на
претходно зададени граници).
– Индикатор за изминат рок на употреба на лентата.
– Потсетник за тестирање со можност за поставување на четири аларми.
– 1, 7, 14, 30 и 90-дневни просечни вредности од мерењата.
– Звучен сигнал кој може да се исклучи.
– Исфрлање на искористената лента без допирање.
– Можност за пренос на податоци од апаратот на персонален компјутер.
Карактеристики на тест лентите
– Потребен е мал примерок на крв, само 0,5 микролитри.
– Капиларно полнење на тест лентата. Работ на врвот на тест лентата се допира до примерокот
и крвта „влегува“ во тест лентата под дејство на капиларна сила.
– Користи ензим гликозна оксидаза со висока специфичност за гликозата, со висока стабилност
и перформанси. Високата специфичност за гликозата ја отфрла можноста од стапување во
реакција со други шеќери што се присутни во крвта и на тој начин да влијаат на резултатите.
Високата стабилност пак овозможува безбедно да се користат лентите во рок од 24 месеци
од датумот на производство, во отворени и во неотворени шишенца

Бренд

Кориснички оценки

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “CARESENS APARAT ZA MERENJE SEKJER ECO-N + 110 LENTI”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + 4 =