Novalac Rice AR е храна на растителна основа и може да се користи како единствена храна до 6-месечна возраст на доенчето. По 6-тиот месец, Novalac Rice AR може да се користи како дел од разновидна исхрана.
Novalac Rice AR е храна за посебни медицински намени, содржи хидролизат од оризови протеини и не содржи лактоза. Храната е погодна за доенчиња со алергија на протеини од кравјо млеко бидејќи ги ублажува симптомите поврзани со оваа алергија: дијареја, запек, прекумерно плачење, грчеви, чешање на кожата, атопичен дерматитис и овозможува раст и развој како кај доенчиња без алергии.
Novalac Rice AR е единствената храна на растителна основа на пазарот со иновативниот згуснувач PAX® комплекс, кој ефикасно ја намалува регургитацијата, помага во нормализирање на столицата (дијареја или запек), го подобрува расположението, го намалува плачењето, го подобрува сонот и со тоа позитивно влијае врз квалитетот на семејниот живот.
За кого е наменета храната?
За доенчиња со симптоми на алергија на протеини од кравјо млеко кои имаат:
- промени на кожата – доенчиња со атопичен дерматитис, осип што чеша (вклучително и тешко излечливи егземи), отекување на лицето и други знаци
- дигестивни тегоби – болки во стомакот, повраќање, колики, дијареја, запек поради алергија
- други симптоми поврзани со алергија на протеини од кравјо млеко
За доенчиња кои имаат регургитација и неконзистентна столица. PAX® комплекс:
- ја намалува количината и зачестеноста на регургитацијата
- придонесува за нормализирање на столицата (дијареја или запек)
- го подобрува расположението, го намалува плачењето и го подобрува сонот, а со тоа позитивно влијае врз квалитетот на семејниот живот
За доенчиња со симптоми на интолеранција на лактоза:
- гасови, грчеви, надуеност, дијареја
Novalac Rice AR ги содржи сите хранливи материи потребни за правилен раст и развој на детето.

Критики
Нема критики сеуште.